wordpress counter

Храна која може да убие (1 дел)

Верувале или не, многу од плодовите кои ги консумираме секојдневно може да нѐ испратат во болница или во најлош случај да имаат последици опасни по нашиот живот. На пример, семките од  јаболката содржат цијанид, кој може да предизвика повраќање и вознемиреност. Секако, само ако изедете многу, исходот може да биде фатален.

Цреши
Опасност: како и јаболката, така и семките од црешите содржат водороден цијанид.
Последици: сериозни, но ако изедете цела шолја од овие семки или семки од праска и кајсија.

Морско оревче
Опасност: во суштина, морското оревче е халуциногено.
Последица: можете да почнете да трипувате од морското оревче, но доколку изедете околу 60 гр, ќе започне грчење на мускулите, а 100 грама ќе доведат до комплетно одземање на мускулите, па и смрт. Едно цело оревче ќе ве доведе до психоза и до чувство дека умирате.

Компири
Опасност: во стеблото, листовите и никулцте на компирот, може да се најдат гликоалкалоиди. Доколку се остави компирот подолго време, особено на светло, може да се пренесат и во плодот. Гликоалкалоидите може да предизвикаат диареја, грчење, силни главоболки, па дури и кома и смрт.
Последици: се смета дека 3-6 милиграми по килограм телесна тежина може да бидат фатални. Да се избегнуваат компири со зелени траги на лушпата и плодот.

Related Posts with Thumbnails