wordpress counter

Храна која може да убие (2 дел)

Минатиот пат се запознавме со некои плодови кои секојдневно ги консумираме, а кои може да бидат опасни по живот. Во овој дел, го надополнуваме списокот на продукти на кои треба да внимаваме.

Бадеми
Опасност: постојат две варијации на бадеми: слатки и горчливи бадеми. Горчливите содржат значителна количина на водороден цијанид.
Последици: се вели дека јадењето на само 7-10 сирови горчливи бадеми може да предизвика проблеми кај возрасните и да бидат фатални за децата.

Домати
Опасност: стебленцето и листовите на доматите содржат алкални отрови кои може да предизвикаат стомачни проблеми. Незрелите зелени домати може да ја предизвикаат истата состојба.
Последици: како и да е, ќе биде потребно да изедете огромна количина за да се случат проблеми. Сепак, избегнувајте ги листовите од домати.

Туна
Опасност: проблемот произлегува од живата која се акумулира кај рибите. Откако живата ќе навлезе во нас, ќе помине низ бубрезите или мозокот и може да предизвика сериозни проблеми.
Последици: според препораките, бремените жени и децата воопшто не треба да консумираат туна. Другите може да ја консумираат, но да внимаваат на седмичниот внес.

Related Posts with Thumbnails