wordpress counter

Храна која може да убие (3 дел)

Во овој последен дел од темата, го разгледуваме влијанието на индиските оревчиња, бозелот и медот врз нашето здравје и врз можноста овие видови храна да имаат фатални последици.

Непастеризиран мед
Опасност: aко не помине низ процесот на пастеризација, во кој се уништуваат штетните отрови, медот може да содржи андромедотоксин. Тоа може да предизвика зашеметеност, слабост, потење и повраќање.

Последици: eдна таблета на концентриран андромедотоксин може да ги предизвика погоре опишаните состојби.

Индиски оревчиња
Опасност: индиските оревчиња не би требало да се консумираат сирови (во продавница се подготвени на пареа) затоа што содржат уришиол, хемикалија која може да се најде кај отровниот бршлен.

Последици: високо концентрација на оваа хемикалија може да биде фатална. Особено треба да внимаваат луѓето кои се алергични на бршлен и да избегнуваат сирови индиски оревчиња.

Бозел
Опасност: семето и листовите се користат за подготвка на сокови, џемови и вино. Овие делови од бозелот имаат состојки кои може да предизвикаат повраќање, дијареа, па дури и кома.

Последици: внимавајте при подготовка на чаеви и сокови, затоа што во бозелот може да се најдат и траги од цијанид.

Related Posts with Thumbnails