wordpress counter

Храна за храбри

Секоја земја има своја посебна кујна и специјалитети. Ако сте вистински гурман, тогаш, при посета на странска земја, ќе ја вкусите тамошната кујна. Автохтоната кујна треба да се проба, затоа што преку храната може многу да се научи за некоја земја. Секако, ако имате добар желудник.

Со оглед дека нашата планета е чудно место, луѓето во некои земји јадат нешто што во други е неприфатливо. Еве некои од тие јадења:

ШПАНИЈА
Овие луѓе понекогаш сакаат да замезат тестиси од бик. Ако не сте авантурист, тогаш не порачувајте убави ражничи кои се ставени во излозите на угостителските објекти. Од друга страна, доколку сте храбри и вљубени (добар афродизијак), тогаш нарачајте биковски тестиси.

ДАЛЕЧЕН ИСТОК
Источните народи во секое животно наоѓаат храна. Во Кина, на пример, освен кучиња обожуваат и змии. Нивните соседи, Корејците, јадат анус од кокошка, додека индонезијците се „дават“ во крцкави лилјаци.

КЕНИЈА
Во оваа егзотична африканска земја, крокодилското месо е вистински специјалитет. Станува збор за хранливо и мошне вкусно месо. Се пече на оган, исто како јагнешкото кај нас. Покрај тоа, не е чудно да налетате на уште еден специјалитет – гуштер.

Related Posts with Thumbnails