wordpress counter

Храна за студенти и менаџери

Храната која ја консумираме е мошне важна алка во извршувањето на секојдневните обврски. Затоа, потребно е да внимаваме на храната која има активна улога врз функционирањето на нашиот мозок. Денешните менаџери и студенти се под голем физички и психички напор. Според мислењето на нутриционистите, овие две групи треба да консумираат храна од следниве видови:

• сина риба, поради омега-3 масните киселини (особено за студенти кои сакаат висок успех)
• јаткасти плодови (бадеми, лешници, ф’стаци, ореви) како меѓуоброк, во текот на работниот ден
• суви кајсии, смокви и брусници
• шумско овошје, затоа што може да се јаде по оброкот (за другите видови овошје, се смета дека треба да се јадат пред оборокот поради киселините кои ги лачат)
• барем едно јаболко дневно
• зелен зеленчук, брокула, морков и домати
• лук, бидејќи ја подобрува проточноста низ крвните садови
• барем 1.5 литри вода дневно

Related Posts with Thumbnails