wordpress counter

И Мерилин Монро готвела дома

Најновата книга на Мерилин Монро, која се вика „Fragments“, е всушност збирка на нејзини писма и поеми. Збирката го опфаќа нејзиниот живот од првиот брак во 1943 година, па сѐ до нејзината смрт 1962 година. Поголем дел од материјалот се однесува на втората половина од 50-тите години, кога се наоѓа на врвот од својата слава.

„Fragments“ не само што е обид да се потенцира и нејзината интелегенција наспроти убавината, туку е и книга која покажува дека Мерилин знаеле да готви и тоа го правела навистина добро.

Еден од омилените рецепти и бил полнета мисирка. Во оваа книга дури е наведен и нејзиниот рецепт за миксот со кој треба да се наполни мисирката. Подготовката се состои од 11 состојки – 5 тревки и зачини, 3 вида јаткасти плодови и 3 типа на животински протеини. Интересно е дека нејзиниот рецепт не подразбира користење на било каков врзувач на овие состојки, како што тоа го прават американците. Значи, нема ниту јајце, ниту супа, ниту било каква маснотија.

Интересно е дека рецептот опфаќа и пармезан, суво грозје и пињоли, состојки кои се карактеристични за италијанската кујна, која во тоа време не била толку популарна како сега. И дека на самиот рецепт, со големи букви стоело – Без лук!

Американците не би биле американци доколку не ја разјаснат оваа мистерија. Затоа, еден од водечките американски авторитети во светот на храната, Ен Менделсон, даде свое објаснување на овој рецепт. Професорката по историја на храната, употребата на состојки од сицилијанската кујна ја поврзува со Џо Димаџо, еден од сопрузите на Монро.

Имено, Димаџо е по потекло од малото место Островот на жените, кое се наоѓа на Сицилија. А, Сицилија изобилува со јадења кои имаат пармезан, пињоли и суво грозје. Од друга страна, Џо како млад човек штотуку дојден во Њујорк, сакал што побргу да стане дел од американскиот меинстрим. Оттаму и забелешката – Без лук!

Related Posts with Thumbnails