wordpress counter

Инвентивноста не знае за граници

Сѐ започнало пред две-три години, кога една група пријатели уживала во вино во една прекрасно пролетно попладне во германскиот регион Мозел. Во текот на разговорот се отворило и прашањето за придобивките на нашето здравје од пиењето на вино. Се претпоставило дека во текот на производството голем дел од нус производите се фрлаат без да се знае нивната вистинска вредност.

Помеѓу присутните бил и Бернд Диел, косопственик на фабрика која меѓу другото се занимава и со хемиска анализа. Тој му предложил на стручниот тим на компанијата да осмисли метод со чија помош нус продуктите од производството на вино ќе добијат тврда форма и ќе може да се искористат при превенција на болести (болести на срцето, воспалителни процеси, тромбоза), за кои се верува дека ќе може да влијаат.

Во соработка со Technolgie Transfer Zentrum, која е водечка германска компанија за истражувања и развој на нови производи, успеале да го произведат виното во прав, кое го добило името Про Вино. Потоа ги испитувале начините како тој производ би се вовел во светот на храната и пијалаците. Тоа резултирало со производство на јогурт и други млечни производи на база на вино, како и чоколадо, креми против брчки и маски за лице.

На изложбата „Денови на иновацијата“ во Лисабон, за прв пат беше претставен Про Вино јогуртот, а реакциите на публиката беа многу позитивни. Ова отвора можност ваков тип на производи набрзо да се најдат во широка потрошувачка.

Related Posts with Thumbnails