wordpress counter

Како да нарачате добро јадење во ресторан?

Да изберете добар ресторан и да јадете нешто навистина посебно, никогаш не била едноставна задача. Се случува посетата на некој добар ресторан да заврши со незадоволство и секако со празен џеб. Но, ако се водите од некои од следниве трикови, тогаш можноста за погрешна одлука ќе ја сведете на минумум.

Мудро одберете ресторан. Читајте ги рецензиите во медиумите и слушајте ги препораките. Ако сте во странство, одберете го оној ресторан во кој одат жителите на земјата во која престојувате. Не паѓајте само на прекрасно уредените тераси и ресторани лоцирани на главните улици. Гастрономските бисери се наоѓаат во споредните улички.

Добро проучете го менито и не се навлекувајте на приказната за специјалитет на денот или мени на денот.

Донесете правилен заклучок, во согласност со менито, кој вид на јадење му е омилен на готвачот.

Ѕирнете и по другите маси и нарачките на другите гости. Но, секако, тоа направете го внимателно, без никој да ве забележи.

• Со персоналот имајте човечки однос и не му дозволувајте да ве примора бргу да донесете одлука што ќе јадете.

• Ако нешто ве интересира – прашајте го персоналот. Нивната работа е да ви ги понудат сите информации кои ги барате.

• Ако и покрај ова не сте сигурни што да нарачате тогаш одлучете се за јадење кое е подготвено од сезонски намирници.

    Related Posts with Thumbnails