wordpress counter

Како да уживате во храната без страв од дебелеење? (1 дел)

Дали појадувате на нозе, додека се облекувате или подготвувате за на работа? Ручате ли на улица или во автомобил додека одите од еден на друг состанок? Претпоставуваме дека ова им се случува на многу од вас. Затоа, ви предлагаме неколку правила кои ќе направат да уживате во храната без да се здебелите.

Речете ѝ не на водата за време на оброкот
Водата ќе предизвика ширење и надувување на желудникот и поради тоа варењето ќе биде лошо. Покрај тоа, може да предизвика и киселини. Ако баш мора да пиете, тоа нека биде во многу мали голтки.

Кога јадете, не правете ништо друго
Заборавете на читање, гледање телевизија или работни задачи додека јадете. Сконцентрирајте се на оброкот и посветете му барем 20 минути. На мозокот му треба време за да регистрира дека желудникот е полн. Ако не го попречуваме мозокот со дополнителни работи, тој побргу ќе регистрира дека сте сити.

Правилно џвакање на храната
Секој залак џвакајте го 30-тина пати. Тоа не значи дека треба да броите, туку дека залакот треба да го претворите во каша. На тој начин најлесно ќе се свари храната и ќе ги искористите сите хранливи вредности.

Related Posts with Thumbnails