wordpress counter

Како да уживате во храната без страв од дебелеење? (2 дел)

Во првиот дел наведовме неколку совети кои треба да ви помогнат да уживате во храната без да ја зголемувате телесната тежина. Со денешната статија ја завршуваме оваа кратка, но многу важна приказна.

Не хранете ги емоциите
Ако сте тажни, лути или под стрес – не јадете. Во такви состојби често сме склони кон прејадување, несвесно. Мозокот губи контрола врз она што го правиме и во тие моменти ние јадеме премногу и најчесто брза храна или слатки.

Не се движите додека јадете
Оние кои се движат додека јадат прават организмот да троши енергија на движењето, наместо на варењето на храната. И ете ви вишок килограми.

Избегнувајте замрзната или подгреана храна
Да не бидеме погрешно разбрани – велиме избегнувајте. Тоа не значи дека не треба да ја консумирате. Храната може да ги загуби своите хранливи состојки ако е замрзната или подгреана. Тоа може да предизвика потреба на организмот за повеќе храна.

Јадете на време
Јадете секогаш кога сте гладни. Умерено. Да повториме по милионити пат – подобро е да се јадат неколку помали оброци на ден, наместо да се прејадувате.

Related Posts with Thumbnails