- Гурман™ - https://gurman.mk -

Како се лажат туристите (2 дел)

Во првиот дел [1] ви претставивме првата фаза од процесот наречен „лажење на туристи“. Во овој дел ви покажуваме како се напредува од келнер до сопственик на ресторан.

Риба и морски специјалитети
Потоа следи совладување на техники на продажба на риба и морски специјалитети. Главно е смрзнатите производи да се продаваат како свежи. По совладување на ова, сопственикот го промовира во келнер за клучни гости.

Клучни гости
Тоа се претставници на државни фирми и управа. Тука се учи главната лекција – најдобри гости се оние кои не плаќаат со свои пари. Со нив нема зезање – им се дава најдобрата храна и пијалаци и им се одобрува колкав сакаат попуст. Тоа, потоа, се компензира на следниов начин – тие не бројат дали изеле 4 или 6 јастога, дали изеле риба од 2 или 4 килограми. На ова додадете ја шемата и со алкохолот.

Каса
Откако и ова е совладано, сопственикот има толкава доверба, што ви дава да раководите и со неговата каса. Тогаш сфаќате зошто тој бара од вас толку да штедите и да ги собирате сметките кои гостите ги оставиле.  Овој модул опфаќа изучување на штимање на сметки, двојни книговодства, комуникација со инспекции, влез и излез, залихи.

Сам свој газда
Последниот стадиум е отворање на свој сопствен бизнис. Откако сте ги научиле сите трикови и финти, сега сте подготвени да започнете сами. Имате ресторан, седите во градина, го гледате вашиот келнер како го послужува најефтиниот телешки бифтек на планетата и читате текст за некој кој продава пица за 10 -15 евра. И започнувате да се смеете. Знаете дека тој ќе игра само едно лето.