wordpress counter

Кавијар

Кавијар, или во превод – рибина икра. Претставува највредното уживање на планетата, кога станува збор за храната. Едно од најкарактеристичните јадења во руската кујна. Се служи како предјадење, или за појадок како намаз за леб со путер.

Постојат три основни видови на кавијар. Најдобар е оној што има бисерно црна боја и се добива од икра од есетра. Црвениот кавијар се добива од лосос. Третиот вид се помалку ценети кавијари кои се добиваат од икра од други риби.

КАКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА

Икрата од рибата се соли со саламура и се пакува во стаклена или лимена амбалажа. Многу лесно се расипува и мора да се чува во фрижидер. Инаку, многу луѓе веруваат дека за производство се користат брутално-насилни постапки. Но, тоа е далеку од вистината. Ако рибата е правилно уловена, се прави брз царски рез, се вади икрата и потоа рибата се враќа назад во вода.

Освен тоа, кавијарот спаѓа во високо хранливи продукти, особено богати со аминокиселини. Го користат и врвните спортисти при напорни тренинзи. Поради богатството со витамини и минерали, идеален е за брзо опоравување. Тоа го потврдува и самото име, кое му доаѓа од ирански збор кој значи „колач на силата“.

Поради високата цена и реткоста, неизоставен дел е од сите журки на светскиот и македонскиот џет-сет.

Related Posts with Thumbnails