wordpress counter

Кои жени се на врвот на светската гастрономија? (2 дел)

Ова е еден наш обид да ги поттикнеме жените да ги заземат високите позиции во светот на гастрономијата, со оглед дека само 17% од главните готвачи се жени и само 25% од жените се сопственички на угостителски објект. Започнавме со Роберта Адамо. Денес продолжуваме со госпоѓа Алисон Баршак.

Алисон Баршак
„AlisonTwo“, Вашингтон

Пред да стане сопственичка на овој ресторан, Алисон собирала искуство во бројни угостителски објекти. Патот кон врвот на гастрономијата започнал во средината на 80-тите години. Подоцна станува сопственичка на два ресторани, но едниот подоцна го затвора.

• цитат: „Жените се врвни готвачи затоа што тие повеќе се грижат и се повеќе посветени на работата. Покрај тоа, може да извршуваат повеќе работи одеднаш“.
• идеја водилка: „Го сакам овој бизнис и покрај толку многу поминати години“.
• омилен кујнски прибор: „Мојот нож. Тој е продолжение на мојата рака“.
• цел: „Патување. Да отидам на колку е можно повеќе места и да вксуам различни специјалитети“.
• омилено јадење: школки, аспарагус со лук, путер и зачини и лепче со лук и пармезан.
• јадење на кое не може да оддолее: тост со цимет, шеќер и путер. И за појадок и за вечера.

Related Posts with Thumbnails