wordpress counter

Комбинации од чоколадо и храна

Концептот на спојување на храна, во светот познат како „food pairing“, веќе некое време постои во светот на ексклузивните ресторани. Станува збор за спојување на неочекувани продукти во специјалитети водејќи се од нивните базични вкусови.

Познатите светски готвачи веќе успешно експериментираат со вкусовите на чоколадо и различни видови храна. Така, можеме да уживаме во чоколадо со ракчиња, со печени пиперки, пилешки батаци и крилца или со рамстек.

Една комбинација се пилешки батаци маринирани со амарето, босилек, лимон и темно чоколадо со чили. Потоа, карпачо (рамстек одлежан неколку дена со рукола и пржени пињоли) во комбинација со чоколаден сос, со кора од портокал и црвена пиперка, варени заедно со путер.

Кој не сака месо, тогаш може ќе ужива во ракчиња пржени со лимета и црвен пипер во комбинација со сос од чоколадо кој се состои од темно чоколадо, лук, бибер и жалфија. Ако налеете и вино, тогаш тоа би било нешто што може да се нарече гурмански рај.

Гурман™ ве прашува: која интересна комбинација на неочекувани продукти споени во јадење сте ја вкусиле? Имате ли омилена комбинација на „чудни“ продукти?

Related Posts with Thumbnails