wordpress counter

Комбинирање на вино и чоколадо (1 дел)

Виното и чоколадото се два производи кои знаат да направат одлична комбинација. Но, секогаш треба да се знае која врста вино со каков вид на чоколадо е најдобро да се консумира. Затоа, треба да се придржуваме кон определни правила.

Правило 1
Основното правило е дека виното мора да биде малку послатко од чоколадото. Во спротивно, вкусот набрзо ќе стане горчлив или киселкаст. Затоа, кога комбинирате, внимавајте лесни чоколади да бидат во пар со полесни вина и обратно. На пример, темно чоколадо со високо количесто на какао, добро се комбинира со интензивно вино.

Правило 2
Белото чоколадо е послатко и со вкус на путер. Затоа е идеален партнер за Шери вино и за Мускат. Шерито ќе го собере кремот од чоколадото, додека кај мускатот ќе дојде до ослободување на сите негови тонови.

Доколку сакате поризични комбинации, тогаш консумирајте вино со повеќе танин и повисоко учество на алкохол, со кремасто бело чоколадо. Танинот ќе „омекне“ и на тој начин виното одлично ќе се вклопи со чоколадниот деликатес.

Related Posts with Thumbnails