wordpress counter

Контроверзни ресторански правила (1 дел)

Секој ресторан си има свои правила кои мора да се почитуваат. Како се нарачува, резервира, начин на плаќање, кого смеете да понесете со себе и ред други работи. Оваа статија е посветена на некои од најконтроверзните ресторански правила.

Забрането за деца
Повеќето гости не сакаат да им „врескаат“ или да трчаат деца додека јадат. Затоа, постојат ресторани каде не е дозволено да се носат мали деца. Од друга страна, за некој родители кои се многу зафатени тоа е единствен начин да бидат заедно со своите деца.

Менито е стриктно и нема измени
Готвачите често пати сметаат дека се вистински уметници кои решаваат какво ќе биде јадењето кое го подготвуваат. Поради тоа, се решаваат дека нема да дозволат промена на нивното јадење. Но, се случува некои од гостите да имаат специјални потреби (алергични се на некој продукт, се наоѓаат на специјална диета или има се работи за бремени жени). На пример, Гордон Ремзи напушти еден ресторан, откако готвачот не сакал да го замени јадењето, иако неговата пријателка Викторија Бекам била бремена и имала посебен режим на исхрана.

Бакшишот е задолжителен
Многу е лошо кога системот на плаќање е таков што келнерите зависат само од бакшишите. За да избегнат ситуација тие да работат а да не добијат ништо за тоа, рестораните вклучуваат задолжителен бакшиш, кој е определен процент од сметката. Од друга страна, не може да се присилува гостинот да плаќа бакшиш доколку не го сака тоа. Ова е прашање околу кое најмногу се кршат копјата.

Какво е вашето мислење за овие правила? Или, можеби имате некое да споделите со нас?

Related Posts with Thumbnails