- Гурман™ - https://gurman.mk -

Македонецот кој го знaе цел Холивуд

Димитри Димитров е навистина интересен лик на кој угледниот „Њујорк Тајмс“ му посвети [1] значаен медиумски простор. Станува збор за шеф на персоналот на ресторанот „Тауер Бар“, во кој отседнува буквално секоја холивудска ѕвезда. Ресторанот е во склоп на хотелот „Sunset Tower Hotel“ во Холивуд.

Димитров е македонец, син на емигранти, кој има долга кариера во хотели и ресторани. „Њујорк Тајмс“ го опишува како македонец со Рудолф Валентино фризура, широка насмевка, театрален источно-европски акцент, за кој може да помислите дека самиот тој го измислил и екстравагантна љубезност. (Погледнете галерија со фотографии од Димитри Димитров) [2]

Џенифер Анистон е една од редовните гости кај Димитров. Таа за него вели: „Тој создаде рај на сигурност, место во кое никогаш нема никој да те предаде.“

Тоа е место во кое никој не смее да влезе и тајно да слика некоја позната личност. Според зборовите на гостите и персоналот, никој не може да добие маса без претходно одобрение на Димитри.

Димитри е како човек од некој фантастичен роман. Штом ќе ве здогледа, плеска со рацете од радост. Тој танцува додека ве носи до масата“ – ќе изјави еднаш Анџелика Хјустон.

Ако ги запрашате Џони Деп, Шон Пен или Андерсон Купер, веројатно ќе ви го кажат истото. Инаку, Димитри долги години работел во хотели и ресторани, поминувајќи низ сите скалила на својата професија. Денес е практично на врвот. Секој гостин има огромна доверба во него. И тој самиот ја има заслужено. „Сѐ знам, но ништо не зборувам“ е неговата девиза.  

Според весникот, човекот е буквално енциклопедија на настани и личности. Може да организира каков било настан со најголема леснотија. Без да забележите, тој успева да ги спои оние што си одговараат и да се разминат оние кои се скарани. Едноставно, Димитри е гениј.

Убаво е кога ќе прочитаме дека некој македонец успеал да ја доведе до совршенство својата работа и професија. Малку се, но секогаш ќе ве известуваме за нив. Затоа што имаме човек со кој може да се гордееме.