wordpress counter

Маслиново масло (1 дел)

Маслиновото масло е еден од најубавите дарови кои природата ги подготвила за нас. На ниту еден вистински вљубеник во храната нема да му се случи да остане без ова масло во својот дом. Денес, кон овој производ се однесуваме исто како и со виното. Се отвораат олеотеки, центри за дегустација, се создаваат експертски тимови, се користи современ процес на производство.

Во овој текст ќе се осврнеме на три важни прашања поврзани со ова масло – неговите лековити својства, примената во исхраната и како да одберете квалитетно маслиново масло.

ПРИМЕНА ВО ИСХРАНАТА
Традиционално гледано, маслиновото масло е основното масло кое се користи во земјите на Медитеранот. Се користи во секое јадење кое бара определена маснотија. Може да послужи и како основа за маринада, како природен конзерванс, за чување на тревки, како и при подготовка на колачи и слатки јадења.

Послатките маслинови масла се користат за риба, додека попикантните за горчлив зеленчук како што е рукола. Оние со посладок вкус и овошен мирис се одлични за салати и слатки јадења.

Вообичаената предрасува која постои за ова масло е дека тоа не е здраво ако се употребува за пржење, печење и варење на храната. Меѓутоа, ова е сосема погрешно мислење. Поради високата точка на димење, ова масло е одличен избор за варење и пржење на храната. Важно е дека за време на ваквите техники на готвење се губат определени полифеноли, алкохоли и естри, но не се менува неговата хранлива вредност. Интересно е дека ја штити храната од губење на хранливи состојки при варење, затоа што ја обложува наместо да продира во неа.

Related Posts with Thumbnails