wordpress counter

Маслиново масло (2 дел)

Во првиот дел од статијата за ова совршено масло, споменавме дека тоа денес има еднаков статус како и виното. Уживавме во можостите за негова гастрономска примена. Сега ќе се запознаеме со неговите лековити својства и како да препознаете квалитетно маслиново масло.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Веќе ни е познато дека консумирањето на овој древен продукт влијае врз намалување на ризикот од болести на срцето и превентивно кога е во прашање карциномот. Му се припишуваат и антивоспалителни својства, како и заштитно делување врз слузници на желудникот. Поради високиот удел на незаситени масни киселини (околу 77%) и присуство на антиоксиданти, ова масло го штити „добриот“ холестерол и го намалува уделот на „лошиот“.

Интересно е дека одередени состојки делуваат против болка. Олеоканталот, кој е карактеристичен по горчливиот вкус, ги блокира механизмите кои иницираат болка. Дневен внес од 50 гр е еднакво на испиени десет дози на лек против болка. Најновите истражувања покажуваат дека фенолните компоненти делуваат особено ефикасно при карцином на дојка. Позитивно делува и на спречување на губењето на коскената маса.

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ КВАЛИТЕТНО МАСЛИНОВО МАСЛО
Најдобрите масла носат ознака „екстра-девствено масло“. Кај овие масла, со сензорска анализа се проверуваат вкусот, мирисот и бојата, односно пикантноста, горчливоста, вкусот и мирисот на плодот од маслинка. Не смее да содржи повеќе од 0.8% слободни масни киселини.

Најдоброто маслиново масло не смее да има јак мирис и вкус. Мирисот на трева или овошје е тоа што се очекува од овој производ. Вкусот треба да потсетува на маслинка или тропско овошје. Една од посакуваните карактеристики е пикантност или слатка горчина, која ќе се почувствува во грлото по консумирањето.

Маслото треба да е спакувано во темни шишиња, односно амбалажа која го штити од прекумерна светлина. Се консумира најмногу 12-24 месеци по полнењето.

Related Posts with Thumbnails