wordpress counter

Мед (1 дел)

Медот е еден од најкорисните продукти кои ни ги подарила природата. Има слатка текстура, многу е густ и вискозен. Го произведуваат медоносните пчели од нектар и полен, го надополнуваат со многу вредни супстанции и потоа таа „суровина“ ја складираат во саќе, каде медот зрее.

Неговите својства им биле познати и на нашите предци. Старите Египќани во прво време го користеле за лечење на рани, а подоцна за лечење инфекции и како составен дел од многу лекови кои се земале орално. Во стара Грција, Хипократ го припишувал за симнување на температура и лечење на рани. Додека препаратот од мед и оцет служел за смирување на кашлицата.

Во првиот дел од статијата ќе се запознаеме со нутритивната вредност на медот. За неговите лековити својства, видовите мед и неговата примена во исхраната, ќе читаме во вториот дел.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ НА МЕДОТ
Во 100 гр мед има 73 гр јаглехидрати, 0.5 грама протеини, 33 калории и нема масти. Содржи значајни количини и од следниве минерали и витамини:

Related Posts with Thumbnails