wordpress counter

Мед (2 дел)

Во претходната статија се запознавме со основните карактеристики на медот и неговата нутритивна вредност. Сега ќе позборуваме малку и за примената на медот во исхраната и неговите лековити својства.

ПРИМЕНА НА МЕДОТ ВО ИСХРАНАТА
Медот стотици години беше главен засладувач на храната. Меѓутоа, со откривањето на начинот на производство на шеќер од шеќерна репа и трска, медот отиде во втор план. Иако сѐ уште се употребува, тоа е сведено на производство на слатки производи. Колку за споредба, годишното производство на мед е 1.2 милиони тони, што е само 1% од производството на шеќер.

Медот е одлична замена за шеќер во рецептите. Но, треба да се внимава, бидејќи медот е посладок. Една лажица шеќер се заменува со половина лажица мед. Обично се додава на чај, млеко, вода или сок. Течноста во која се додава медот не смее да има температура повисока од 45 степени, бидејќи ќе се уништат сите негови хранливи состојки.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Денес, со сигурност знаеме дека медот поседува антибактериско, антивирусно и антимикотично дејство. Богат е со антиоксиданси, особено феноли и флавоноиди. Поради тоа, може да се користи и како конзерванс. Со бројни научни студии се докажуваат и неговите антиканцерогени својства.

Особено е интересна кафеинската киселина која делува превентивно на карциномот на дебелото црево. Но, треба да се знае дека неговите лековити својства се губат со негово изложување на повисоки температури.

Одличен лек е за грип и настинка, како и за зајакнување на имунитетот.

Related Posts with Thumbnails