wordpress counter

Мистеријата на Red Velvet тортата

Red Velvet тортата или тортата со црвени слоеви отсекогаш била интересна гастрономска мистерија. Кога ќе се спомене, првото прашање кое ни паѓа на ум е дали е тоа тортата која е измислена во хотелот Валдорф-Асторија во Њујорк? Или, сепак, канаѓаните имаат вмешано прсти и вештина?

Она што е познато е дека оваа торта првпат се појавува во новинарските статии во 1959 година. Во тој период се појави урбаниот мит дека хотелот ѝ наплатил на една своја гостинка 250 долари за да го добиете рецептот. Нервозна поради високата сума, таа го раширила помеѓу своите познаници бесплатно. Оттогаш, станува нераздвоен дел од празникот на вљубените Св. Валентин.

Инаку, тортата е јака и слатка чоколадна торта која има посебна темно црвена или црвено-кафена боја. Основните состојки се путер, брашно, какао прав, црвена боја за готвење и глазура од замрзнато крем сирење. Некои слаткари користат дури и варено рендано цвекло за да ја добијат посакуваната темно црвена нијанса.

Потоа, следат долги години на заборав на овој рецепт. Се додека не се сними филмот “Steel Magnolias” во 1989 година. Во него, тортата е во форма на армадило со сива глазура. Во последната деценија, со оглед дека ретрото е во мода, оваа ретро торта ги зазема повторно насловните страни на списанијата и весниците. Особено откако Џесика Симпсон нарача хексагонална red velvet торта за нејзината свадба со Ник Леши.

Како и да е, мистеријата останува актуелна. И понатаму никој со сигурност не може да утврди како, каде и кога за прв пат е направено ова слатко задоволство. Сепак, тоа не не спречува да уживаме во неа.

Related Posts with Thumbnails