- Гурман™ - https://gurman.mk -

Најбогатите македонци во прехранбената индустрија (2 дел)

Во првиот дел [1] наведовме две познати македонски имиња во светот на храната – Џон Битов Сениор и Ендрју Пејков Џуниор. Продолжуваме понатаму, со уште две славни македонски имиња, познати на светско ниво.

Мајк Илиќ (1929 – )
Роден како Михаел Илиевски во Детроит

Мајк Илиќ е сопственик на еден од најголемите фаст-фуд синџири – Little Caesars Pizza. Првата продавница ја отвора во 1959 година во Мичиген и оттогаш наваму нивниот број постојано расте, достигнувајќи бројка од 5.000 ресторани во преку 30 земји.

Неговото богатство се проценува на 1.7 милијарди долари и се наоѓа на 238-то место на Форбс листата на најбогати американци. Покрај Little Caesars Pizza, тој е сопственик и на Detroit Red Wings и Detroit Tigers.

Стив Атанас Ставро (1926 – 2006)
Роден во село Габреш, Егејска Македонија

Стив Ставро е еден од најголемите канадски бизнисмени од македонско потекло. Започнал со сопствена продавница за прехранбени производи во 1954 година. Веќе кон крајот на 50-те години има девет продавници и неколку пазари.

Подоцна започнува да отвора т.н. терминали за храна – продавници на преку 10.000 м2 со ниски цени. Во 1991 година, во Кембриџ Онтарио, отвора продавница за храна на 31.500 м2 и која во тоа време се смета за втора најголема продавница од таков тип во светот.

Љубителите на кошарката веројатно ќе ги интересира и фактот дека бил сопственик и на НБА лигашот Торонто Репторс.