wordpress counter

Најдобар афродизијак: добра атмосфера и добро вино

Се сеќавате ли на еден од гуруата во светот на храната на поранешната држава, Стево Карапанџа? За оние помладите што не знаат, тој заедно со познатиот хрватски водител Оливер Млакар беа домаќини на првото и единствено шоу за готвење во поранешна Југославија.

Пред неколку недели, во ресторанот Bon Apetit, легендарниот готвач, хедонист и шармер ја промовираше својата најнова книга – готвач. Оваа книга ги содржи неговите најдраги рецепти. Рецепти кои ги подготвувал, доработувал, испробувал и конечно ги вклопил во богат готвач, кој сега ни е достапен на сите нас.

Според неговите зборови, најголемите идеи за готвење настануваат во кујната и тоа со многу експериментирање и комбинирање. Смета дека секој може да се навикне на храна од различни подрачја. Како пример ги наведува швајцарците (веќе 10-тина години е сопственик на ресторан во Швајцарија), кои едноставно „полуделе“ по специјалитетите од балканските подрачја.

Негов главен совет е: лесна и едноставна храна и добро вино. Тоа е најдобриот афродизијак кој може да го најдете. Посебно го потенцира виното и секако да се воздржиме од претерување кога пиеме.

Related Posts with Thumbnails