wordpress counter

Неколку интересни начини на консумација на авокадо

Авокадото е овошје кое многу малку се консумира кај нас. Меѓутоа, неговaтa хранлива вредност е мошне голема. Постојат безброј начини да се комбинира, а ние се обидовме да ги наведеме некои од најинтересните и највкусните.

• aвокадото можете да го јадете сирово, со лажица (повеќето луѓе уживаат во овој начин на консумација)
• сецкано, попрскано со малку маслиново масло, оцет балсамико, сол и бибер
• на лепче, во комбинација со тенки листови краставица, киви, црвен пипер
• на тост лепче или кростини со домати, кромид и фета сирење

Други вкусни и интересни комбинација со авокадо:
• исечкано на коцки, со ракчиња во салата, зачинети со лук и сок од лимон
• додадено во супа од кокосово млеко
• блендирано како смуди
• со виолетова зелка, виолетов кромид, сок од портокал и маслиново масло
• исечкано на коцки, со грејпфрут
• во комбинација со моцарела, босилек и маслиново масло

Можете да подготвите и десерт од коцки авокадо и чоколадо. Ако сакате навистина вкусен оброк, тогаш направете пире од авокадо со соја сос и лук. И потоа, овој сос искористете го за печени ракчиња.

Кој е вашиот омилен начин на консумација на авокадо?

Related Posts with Thumbnails