wordpress counter

Неверојатни факти за храната (1 дел)

Храната е тема за која бескрајно може да се зборува. И тема која го окупира секој наш ден. Денесшната статија е посветена на сите оние неверојатни факти кои се однесуваат на неа. Дел можеби сте ги слушнале, но за дел сме сигурни дека нема да ви се верува кога ќе прочитате.

Францускиот сенф „Дижон“ за првпат е направен во 1856 година, кога Жан Нежон го заменил киселиот сок од несозреани зрна грозје со оцет.

Арапските трговци ги сметале бананите за мало овошје и поради тоа ги нарекле „банан“, што во превод значи прсте. Од друга страна, растението банана (не е дрво) е најголемото растение на светот.

„Achillea millefolium“ е растение кое го добило своето име по славниот грчки јунак Ахил. Интересно е дека ова растение служи за лекување на рани.

Сенфот е состојка која поврзува други состојки кои инаку не би можеле да се мешаат. На тој начин, сенфот ги поврзува водата и маслото. Покрај тоа, кога ќе се додаде кон некоја смеса, не дозволува создавање на грутки.

Јаболката се сотавени од 25% воздух. Тоа е причина зошто не пропаѓаат во вода.

Јаболката, кромидот и компирите имаат речиси ист вкус. Затворете ги очите и носот и обидете се. Нема да можете да одговорите што јадете во моментот.

Авокадото има најмногу протеини и масло од сите овошја. Но, она што е важно е дека станува збор за здрави незаситени масти.

Пивото во лименка за првпат е пуштено во продажба на 24-ти јануари 1935 во Ричмонд, Вирџинија. Од август 1935, започнува и сериското производство на пиво во оваа амбалажа.

Related Posts with Thumbnails