wordpress counter

Невообичаени готварски концепти (1 дел)

Модерната кујна и готвење носат во себе и сосема нови трендови кои се однесуваат и на концептите на готвење. Во оваа и наредната статија ќе ги опишеме тие техники и нивната примена. Инаку, некои од овие техники толку добија на популарност што веќе и готвачите аматери ги користат при домашното готвење.

Трансглутаминаза
Замислете си кнедли или некое похувано јадење но, кои не се направени од брашно туку само од месо. Токму такви јадења може да се добијат со помош на оваа техника. Имено, трансглутаминазата ги цепи клетките на месо и на тој начин може месото да се прави во различни форми. Вака се добиваат, на пример, виршлите и колбасите. Денес се користи и од врвните готвачи во светот.

Метил целулоза
Станува збор за навистина интересен продукт кој се користи при готвење. Кога ќе се загрее се претвора во цврст гел. За таа цел, многу пекари го користат при подготовка на пити за да се осигураат дека филот, при готвењето, нема да испадне од тестото. Молекуларните гастрономи го користат особено за сладоледот. Ова се прави со мешање на сладолед со метил целулоза и потоа топката се натопува во топла вода за да се зацврсти метилот. Се сервира веднаш бидејќи сладоледот се топи истовремено со неговото ладење. Да, да и тоа е можно. На овој начин се подготвува топол сладолед. 

Related Posts with Thumbnails