- Гурман™ - https://gurman.mk -

Очила кои создаваат привид за големината на порцијата

Јапонските научници од Универзитетот во Токио изработиле очила кои ќе ни помогнат да ги намалиме килограмите со создавање на привид за големината на оброкот кој го консумираме.

Рамките на очилата се многу покомпактни од класичните очила и со помош на компјутерска технологија, кај корисникот создаваат лажна слика за многу поголема и повкусна порција.

Имено, очилата имаат вградена мини камера која дава зголемен приказ на порцијата и на тој начин го лаже мозокот дека сме изеле многу. Покрај тоа, со помош на цевче кое испушта убав мирис во носот, очилата го подобруваат вкусот на јадењето.

Интересно е дека една група на доброволци веќе ги испробала очилата. Резултатите покажуваат дека тие изеле за 10% помалку колачи отколку оние кои не ги носеле. Групата која носела очила ги гледала колачите за 50% поголеми.