- Гурман™ - https://gurman.mk -

Одгледување на кинеска урма

Иако во Македонија постојат оптимални услови за плантажно одгледување на кинеската урма (Zizyphus jujuba), таа е застапена како поединечни стебла во дворовите, особено во југоисточниот дел. Сè уште на неа се гледа како на новитет, но сепак нејзиниот принос може да биде доходовен за македонското земјоделство.

Таа е едноставна за одгледување, рано дава плодови (1-2 години по садењето) и има висока родност (до 20 т/ха), а вегетира на сите видови почви и е отпорна на болести и штетни инсекти.

Поради високата содржина на корисни состојки и витамин Ц, плодовите на кинеската урма се употребуваат за снижување на крвниот притисок, за лечење на грчеви во желудникот, за ублажување на кашлицата и против несоница, за забавување на стареењето на организмот…

Целата статија можете да ја прочитате на http://ffrm.org.mk [1]