wordpress counter

Последната вечера на Титаник

Конор Меклиланд, готвач и сопственик на хотелот Rayanne House во Ирска, го составил одново менито кое се служело последната вечер на бродот Титаник. Менито, на кое Конор и неговата сопруга потрошиле неколку месеци во истражувања, било послужено последен пат на 14 април 1912 година и вклучувало продукти како аспарагус, салата со поточарка, зачинети праски со желе и сладолед.

Тие малку го преработиле менито, со цел да биде во тек со времето и го намалиле бројот на различни видови јадења. Оригинално, вечерата пред трагичниот настан имала дури 13 различни видови јадења. Тоа е разбирливо поради фактот што патниците во недостаток на друга забава поминувале часови вечерајќи.

Интересно е дека во тоа време foie gras (џигер од гуска со путер) се служел неколку минути пред десертот. А, еве го и менито кое се служело таа кобна вечер:

Титаник мени

(на 14.04.1912, послужено во прва класа)

ПРЕДЈАДЕЊЕ
• Остриги
• Мали лепчиња со месо, сирење и кавијар
• Пијалак: бело Бордо и бел Бургундец

ВТОРО ЈАДЕЊЕ
• Кремаста супа со јачмен
• Consommè Olga
• Пијалак: Мадеира или Шери
• Пијалак: Порто и Коњак
• Кафе и Цигара

ТРЕТО ЈАДЕЊЕ
• Лосос со муселин сос, краставици и сос од свеж зеленчук
• Пијалак: Мосел

ЧЕТВРТО ЈАДЕЊЕ
• Филе Мињон Лили
• Пилешко соте
• Полнета тиква
• Пијалак: Црвено Бордо

ПЕТТО ЈАДЕЊЕ
• Јагнешко со сос од нане
• Патка со сос од јаболка
• Говедско месо
• Гарнир: печени компири, моркови со крем, варен ориз, зелен грашок со нане
• Пијалак: црвен Бургундец или Божоле

ШЕСТTО ЈАДЕЊЕ
• Пунч Romaine

СЕДМО ЈАДЕЊЕ
• Печен домашен гулаб со поточарка
• Пијалак: црвен Бургундец

ОСМО ЈАДЕЊЕ
• Салата од аспарагус и шафран

ДЕВЕТТО ЈАДЕЊЕ
• Foie Gras
• Целер
• Пијалак: Сотерн

ДЕСЕТТО ЈАДЕЊЕ
• Валдорф пудинг
• Зачинети праски во желе
• Чоколадни еклери
• Ванила сладолед
• Пијалак: Мускател, Сотерн

ЕДИНАЕСЕТТО ЈАДЕЊЕ
• Свежо овошје и сирење
• Пијалак: шампањ и слатки десертни вина

Related Posts with Thumbnails