wordpress counter

Приказна за слаткиот компир

Слаткиот компир или батата, има широка примена во гастрономијата низ светот. Полека и срамежливо започнува да навлегува и во нашите ресторани и кујни. Освен самиот плод, може да се користат и листовите и коренот на плодот, од кои може да се направи брашно. Може да се комбинира со месо, па дури и со риба. А, резултатот е повеќе од добар.

Инаку, плодот на батата потекнува од Средна Америка. Интересно е дека овој зеленчук им бил познат уште на древните племиња во Перу пред 10.000 години. Во текот на своите патувања во Америка, Колумбо постојано пренесувал продукти во Европа. Меѓу нив се нашол и слаткиот компир. Оттука се шири низ целиот свет.

Неговиот изглед се разликува од вид до вид, но две сорти се најчести – жолт плод со кора без боја и портокалов кој е посладок и има црвенкаста лушпа. Во кулинарството се користат и младите листови и корените.

Нутритивни вредности
Има голем удел на витамин А (бета каротен). Дури 1.700 пати повеќе отколку обичниот компир. Содржи и витамини Е и Ц, антиоксиданси. Покрај тоа, овој плод е  одличен за сите дијабетичари и спортисти.

Кулинарска примена
Слаткиот компир се јаде варен или печен. Не се препорачува солење, затоа што е полн со минерали и е многу сласен. Најдобро е да се конумира варен, за да се сочуваат сите негови нутритивни состојки.

Доколку сакате сладок печен компир, тогаш излупете го, ставете го во сад за печење и оставете го да се крчка 50-60 минути, на температура од 200℃. Не мора да додавате зачини, а доколку сакате да бие помек, печете го со алуминиумска фолија.

Како декорација: слаткиот компир можете да го исечкате на ситни коцкички или да го изрендате и да го додадете на разни салати и супи.

Related Posts with Thumbnails