wordpress counter

Професија: Готвач

Еден одличен германски документарен филм, со наслов „Готвач – работа од соништата?“, многу добро ја опишува оваа професија. Не се чудете на прашалникот на крајот на насловот, бидејќи е сосема на место. Сега ќе дознаете и зошто.

Камерите од ова шоу следат многу млади и амбициозни кандидати за готвачи во поголем број германски ресторани. Луѓето немаат ниту еден ден одмор. Дури и за викендите, кога е најнапорниот период. Голем број од нив се сѐ уште ученици, така што често заспиваат на понеделничките предавања.

Гламурозниот ентериер, врвно подготвената и сервисираната храна и беспрекорната услуга е само оној поубавиот дел од сликата кој го гледаме ние гостите. Но, во позадина се одвива вистинска драма поради потребата од кулинарска перфекција, угостителски престиж и борба за секој гостин.

Томас Рау е шеф на кујната на ресторанот Мо, во познатиот берлински хотел Адлон. Вели дека секој познат готвач доживеал малтретирање додека учел или бил на пракса. Тој смета дека тоа е повеќе од потребно бидејќи треба да се проникне во психата на младите луѓе и да се пронајде семе на оригиналност, кое понатаму треба да даде плод.

Прекршувањето на работните права кај оваа категорија е многу често. Дури се водат и судски спорови. Така што, овој свет воопшто не е розов како што нам ни изгледа на телевезија. Многу поблиска е сликата на макотрпно работење и многу труд. Затоа, секој кој ќе се одлучи готвењето да биде негова професија, треба да биде подготвен на многу, многу работа.

Related Posts with Thumbnails