wordpress counter

Производство на супер шпагети

Група италијански научници имаат за цел да откријат како се менува содржината на скроб и прехранбени влакна за време на растењето на дурум пченицата од која најчесто се подготвуваат шпагетите. Целта на ова истражување е да се добијат таканаречените супер шпагети.

Дополнително, научниците работат на откривање на начинот на кој се менува уделот на прехранбените влакна во тестенините и како тој удел да се зголеми. Во исто време, некаде на другиот крај на светот, австралиските научници работат на испитување два вида прехранбени влакна (арабиноксилан и бета-глукен) и нивното влијание на квалитетот на тестото за леб и тестенини.

Доколку научниците успеат да го зголемат уделот на овие вредни влакна, ќе настанат супер тестенините кои ќе имаат поволно влијание на здравјето преку намалување на ризикот од болести на срцето и карцином на дебелото црево.

Related Posts with Thumbnails