wordpress counter

Пролетна исхрана

Пролетта е најдоброто годишно време за чистење на организмот. Следните три месеци и самиот организам тежи кон решавање на вишокот кој се појавил во текот на зимата. Сепак, треба да се има предвид дека овој период не е најдобро време за драстични диети, туку навикнување на здрав начин на исхрана.

Затоа, храната треба да биде лесна, со помалку маснотии и солени зачини. Ако успеете да консумирате јачмен и ориз, сте завршиле половина од работата. Супите нека бидат помалку масни и со лимонов сок, за да се поттикне чистењето. Кога станува збор за мешунките, тогаш леќата нема противник. Треба да се внимава и на маслото кое се користи. Нека бидат ладно цедени масла, а најдобро е да се дружите со маслиновото масло.

Но, најважно е да се сетиме дека зелената е боја на пролетта. Затоа, потрудете се барем едно јадење или продукт да бидат зелени. Брокула, млада зелка, блитва, спанаќ и кељ се зелени зеленчуци богати со бета каротен, фолна киселина и витамин Ц. Зелениот зеленчук не содржи масти и богат е со влакна кои се неопходни за добро варење на храната.

СОВЕТ ПЛУС: При варење на овој зеленчук, треба да се свари прво водата, а потоа се додава зеленчукот. Потоа, може да се вари од 20 секунди до 3-4 минути. Најдобар показател е бојата. Ако е со силна зелена боја, тогаш зеленчукот е добро сварен. Ако, пак, има маслинесто зелена боја, тоа значи дека сте го превариле и дека се загубиле многу од неговите хранливи состојки.

Related Posts with Thumbnails