wordpress counter

Првин фотографија, па потоа вилушка

Персоналот во рестораните низ светот е сведок на еден нов феномен кога е во прашање храната. Откако ќе биде сервирано јадењето кое го порачале, голем број од гостите ги земаат фотоапаратите и ја фотографираат храната, па дури потоа почнуваат да јадат.

Некои од вљубениците во фотографијата имаат и свои веб сајтови на кои ги поставуваат фотографиите. Велат дека на овој начин покажуваат дел од себе и својата интима. Нешто како модерна верзија на мислата на францускиот филозоф и голем гурман Брије-Саварен, кој пред два века има изјавено: „кажи ми што јадеш и јас ќе ти кажам кој си“. Овие луѓе, на овој начин покажуваат кои се.

Бројот на слики кои секојдневно се постираат на Flickr расте со неверојатна прогресија. За неполни две години, дури 6 милиони слики со ознака храна се поставени на овој сервис. На пример, групата „I ate this“ има преку 300.000 фотографии од преку 19.000 членови. Ситуацијата е слична и со социјалните мрежи Facebook, MySpace и Twitter.

Стручните лица веќе зборуваат за синдромот на „мора да ја сликнам оваа храна“. Луѓето се оптоваруваат со фотографирањето и го занемаруваат јадењето. Дури и не почнуваат да јадат, додека не обезбедат добар агол и светло за да се добие што подобра фотографија.

Како и да е, станува збор за голема љубов која трае многу долго. Фотографијата и храната природно се надополнуваат. Редакцијата на Гурман™ ви најавува наградна игра во која вие ќе треба да ни испратите ваши фотографии на храна, а ние ќе доделуваме награди за најинтересните.

Related Posts with Thumbnails