- Гурман™ - https://gurman.mk -

Психологија на супермаркетите (3 дел)

Во првите два [1] дела [2] од статијата ве запознавме со сите трикови со кои сопствениците на супермаркетите се обидуваат да ве „намамат“ да ги потрошите вашите тешко спечалени пари во нивните продавници. Денес, сервираме 8 совети за рационално купување на храна.

1 Пред да појдете во продавница, подгответе список. Ако ви треба повеќе време за да го најдете производот кој го барате, слободно потрошете го, наместо да купите некоја замена која е поскапа.

2 Кога сте гладни – не одете да купувате храна. Докажано е дека ќе потрошите повеќе.

3 Проучете ги цените и декларациите. Некогаш купуваме производи кои се поскапи од некои други, а имаат ист квалитет. И тоа само поради навика.

4 Ако купувате заедно со вашите деца – бидете внимателни. Ако многу попуштате на нивните барања, сигурно ќе потрошите многу повеќе пари.

5 Секогаш проверувајте го рокот на траење. Некогаш, производите кои се на акција, имаат само уште неколку дена рок на траење.

6 Купувајте овошје и зеленчук на парче.

7 Следете го движењето и цените на веб-страниците на продавниците или порталите за храна.

8 И за крај – уживајте во храната и подготовката на јадења! Само тогаш ќе го купите она што навистина ви е потребно.