wordpress counter

Работа од соништата – стилист за храна

Дефинитвно, food stylist или стилист за храна е една од најинтересните професии која може да ја одберете. Стилистот е тој кој мора да направи изгледот на храната да биде што е можно поприроден и попримамлив. За тоа е потребно многу стрпливост, челични нерви, искуство, смисол за дизајн и чувство за убаво.

Стилистите за храна ги ангажираат за рекламни фотографирања, продукциски материјали, менија на ресторани, како и за тв реклами. Овие луѓе многу добро знаат дека, кога станува збор за фотографирање, поважно е како изгледа храната отколку нејзиниот вкус. Поради тоа, употребуваат трикови со цел да создадат слика која ќе ве натера да ги овлажнувате своите усни, а апетитот ќе ви порасне до небото. Така на пример, кога подготвуваат житарки, наместо млеко користат слатка павлака, при фотографирање на шампањ за екстра ефект на пенливост се употребува аспирин во прав.

Стилистите располагаат со опрема со која полесно ќе ја донесат сликата до нас, вљубениците во храната. Сетови со најквалитетни ножеви, свежи и вкусни продукти, стапчиња и едно чудо други предмети за декорирање. За определени ефекти се користат и најразлични средства за осветлување.

Освен со предмети, стилистите за храна експериментираат и со рецепти. Не само што знаат да декорираат, туку знаат и одлично да готват. А, за врвен резултат потребно е да се познава целиот процес на создавање на храната. Да се биде стилист за храна значи да се комбинира сопствената уметничка визија со врвно гастрономско образование. Затоа и многу познати универзитети имаат свои програми за вакви студии.

И секако ќе ве интересира и финансискиот ефект од оваа професија. Добро етаблираните и познати стилисти за храна заработуваат од 450 до 850 долари на ден. Поради тоа, за оваа професија се вели дека е навистина спој на убавото и корисното.

Related Posts with Thumbnails