wordpress counter

Серијал: Бренд легенди за храна и пијалаци – Американски легенди (3 дел)

Во претходните два текста дознавме некои помалку познати работи за Кока Кола и Орео. Третиот дел го посветуваме на еден сос, за кој веруваме дека сите сте слушнале. Сосот Табаско.

Tabasco, McIlhenny Company, Avery Island, Louisiana
Компанијата е основана 1868 година и сѐ уште е семејна компанија. На чело на McIlhenny е петтото колено од семејството.

Основачот, Едмунд Мекилхени бил банкар. Но, по брзиот упсех на неговиот производ го напуштил банкарскиот сектор и преминал во прехранбената индустрија. Сега знаеме дека не погрешил.

Името Табаско доаѓа од истоимената мексиканска федерална држава и река.

Се продава во преку 160 земји во светот и е најпопуларен сос од ваков тип.

Непознато за познатото
Успешниот бизнисмен и банкар Едмунд Мекилхени загубил огромни пари за време на граѓанската војна во САД. Истоштен и без пара во џебот, се вратил со својата сопруга Мери во нејзиниот дом, кој се наоѓал на малото островче Ејвери во Луизијана.

На негово изненадување, малите црвени пиперки кои ги посадил градинарот, цветаат на сите страни. Мекилхени земал неколку, ги истолчил и им додал сол. Потоа, смесата ја остаил да „зрее“. Откако созреалa, додал оцет, го наточил сосот во мали шишенца и го дал на дегустација на своите пријатели. Неверојатно бргу, овој жесток сос станал ултрапопуларен.

Така започна приказна долга 140 години, во која денес ние сме главните ликови.

Related Posts with Thumbnails