wordpress counter

Супер рецепти од познати филмови (2 дел)

Во првиот дел се насладувавме на Caccio e pepe pasta сосот и на чоколадните труфли од филмот „Чоколадо“. Денес ќе уживаме во уште три вкусни филмски приказни.

Филм: Soul Food
Рецепт: Mac and cheese


Soul Food е најдобриот пример за тоа дека храната го собира семејството заедно. Биг мама создава вистински чуда, во кои ужива целото семејство во текот на неделните вечери. Макарони и сирење –  вистинско патување во вкусното минато.

Филм: Тампопо
Рецепт: Јапонски тестенини


Тампопо е брза приказна во потрага по перфектни тестенини, секс, добра храна и забава. Ние од Гурман™ сѐ уште сме во потрага по перфектни тестенини. Вие?

Филм: Like Water for Chocolate
Рецепт: Телешки одрезок со сос од листови роза и сливи


Овој филм беше наречен „заведувачки вкусен“. Иако ова јадење нема да ве натера да направите нешто што не ни помислувате, сепак, на вашето лице ќе ви истетовира насмевка која долго ќе трае.

Related Posts with Thumbnails