wordpress counter

Топ трендови во храната за 2012 (1 дел)

Светските експерти и критичари за храна го објавија списокот на најпопуларните гастрономски трендови за 2012.

Тие креираа две групи на трендови. Првата група се трендови кои ќе растат, а втората трендови кои ќе опаѓаат. Погледнете ја листата и ќе видите што треба да промените во вашиот угостителски објект за 2012, за да бидете во тренд.

Ресторани

Растечки трендови: хотелски ресторани
Повторно стануваат популарни хотелските ресторани. Познатите готвачи повторно се враќаат во хотелските кујни. По неколку години работење во помали, приватни ресторанчиња, тие повторно се интересираат за хотелските луксузни ресторани. Хозе Андрес веќе најави дека ќе го земе ресторанот во „СЛС ХОТЕЛ“ во Беверли Хилс, Ејприл Блумфилд го отвори ресторанот Бреслин во „New York Ace Hotel“ и уште многу други. Во наредната година се предвидува дека оваа соработка помеѓу хотелските ресторани и познатите готвачи ќе биде уште посилна.

Опаѓачки трендови:  поп-ап ресторани
До сега најнов и популарен тренд беа ресторани без постојана локација, односно ресторани лоцирани на разни локации или во домашни услови. Овие беа посетувани и од најславните ѕвезди, но сепак нивната популарност опаѓа. Сега,  поценети ќе бидат рестораните со постојана локација, додека овие ресторани бргу ќе исчезнат.

Јадење

Растечки тренд: риба
Оваа година популарноста ќе ја доживеат рибните специјалитети, а особено ќе биде во тренд служењето на цели печени риби.

Опаѓачки тренд: ролатите од јастог
Тие ќе ја изгубат својата слава, бидејќи сега веќе се проширија во разни ресторани за брза храна, па дури и на стадионите за време на спортски натпревари. Едноставно, ја изгубија својата гламурозност, па и цена.

Град со најдобра храна

Растечки тренд: Сингапур
Еден од „највкусните“ градови на целата планета. Сингапур има најмногу ресторани по жител, од сите останати градови во светот. Поради тоа нуди и голем и квалитетен избор.

Опаѓачки тренд: Бруклин
Овој „најкул“ њујорши кварт, секогаш ќе има посебена драж, но сепак поради тоа што во тој дел почнаа да се отвораат прескапи ресторани, луѓето постепено почнаа да се повлекуваат од овој познат дел на Њујорк.

Пијалак

Растечки тренд:  „Moonshine“ – виски
Пристигна повторно трендот на вискито и тоа на фенси и скапи стари виски пијалаци.

Опаѓачки: вотките на познатите
Откако познати лица почнаа да рекламираат вотки со разни вкусови, веќе стана јасно дека нивната популарност стивнува.

Related Posts with Thumbnails