wordpress counter

Топ трендови во храната за 2012 (2 дел)

Во првиот дел пишувавме за тоа што ќе биде тренд за 2012 во категориите: ресторани, јадење, најдобар град за храна и пијалаци. За овој дел ни останаа уште неколку категории: диета, кујна, домашна кујна, десерти и кулинарска професија. Погледнете што е тренди за 2012.

Диета

Растечки тренд: Хепи диета
Кога јадеме здрава храна, тоа нѐ растажува. Поради тоа, светските нутриционисти креираа диета, со храна која го подига расположението, а ги намалува килограмите.

Опаѓачки тренд: диета без јаглехидрати
Диетата со исфрлање на јаглехидратите од исхраната, се покажа како не здрава и многу исцрпувачка, поради тоа веќе почнува да се заменува со други алтернативи.

Кујна

Растечка тренд: индиска кујна
Конечно и индиската кујна почна да се цени во светот. Поради многу зачинети, ароматични и егзотични јадења кои тие ги нудат, во новата година ќе бидат на првото место.

Опаѓачки тренд: кореанска кујна
Досега оваа кујна се сметаше дека има егзотична и интересна храна, но поради тоа што е многу масна и калорична, во 2012 ќе почне да ѝ опаѓа популарноста.

Домашна кујна

Растечки тренд: домашни млечни производи
Поради постојаните статии за ставањето на нездрави додатоци во млечните производи, оваа година излегоа многу готвачи со рецепти како сами дома да ги подготвите своите омилени млечни призводи. Прашање на време е кога тие целосно ќе почнат да се применуваат.

Опаѓачки тренд: печено прасе
Поради комплицираниот процес на печење на цело прасе и неговата непрактичност, луѓето сѐ поретко се решаваат ова јадење да го подготват дома. Зошто воопшто да се мачите, кога подобро е да го нарачате готово од некој ресторан.

Десерти

Растечки тренд: крофни
Кога ќе земете нешто слатко и ќе го испржите, ќе добиете добитна комбинација. Крофните одат во различни комбинации и со различни преливи, па поради тоа наредната година тие ќе го заземат првото место.

Опаѓачки тренд: мини десерти
Поради нивната големина, се смета дека повеќе нема да бидат практични. Сите тие мали колачиња имаат високи цени за нивната големина. Доколку земете 2 – веќе е премногу скапо, а едно е недоволно.

Кулинарска професија

Растечки тренд: технолог за сирење и кашкавал
Тие во наредната година ќе доживеат процут во својата кариера. Поради појавата на голем број вегетеријанци, побарувачката на млечни производи расте, особено онаа на сирењето и кашкавалот. Последнава година, млечните индустрии почнаа да изработуваат разни креации од сирења и кашкавали, што дополнително придонесува за нивната популарност.

Опаѓачки тренд: миксологист
Овие коктел мајстори, кои беа популарни подолго време, веќе ги исцрпија своите идеи и секој коктел почнува да се сведува на веќе познати состојки. Исто така, популарноста на коктелите почна да се намалува поради силниот мамурлак од кој патат нивните обожаватели.

Related Posts with Thumbnails