wordpress counter

Вистина или лага? (1 дел)

Во оваа статија и следните неколку продолженија ќе отвориме неколку теми за кои постојат несогласувања околу тоа да ли се вистина или лага. Важно е дека сите овие услови наречени „митови“ имаат определно влијание на нашаето здравје и затоа сметаме дека треба да се дел од нашиот портал.

Храната во лименка или замрзнатата храна не е добра колку свежата храна
Лага. Свежото овошје и зеленчук имаа голема хранлива вредност, но како што поминува времето – ја губат. Дури, ако се замрзнати како свежи, тие многу поспоро ги губат хранливите вредности. Наш совет: јадете колку може повеќе овошје и зеленчук во каква и да е форма.

Солта е лоша за нашето здравје
Делумно точно. Сите ние внесуваме сол. Таа е присутна во речиси секоја храна.  Натриумот во солта помага во одржување на нивото на вода во организмот. Според препораките на докторите, дневниот внес не треба да биде поголем од 6 гр. Големото количество сол може да предизвика висок крвен притисок.

Сирењето предизвикува ноќна мора
Делумно точно. Сирењето содржи триптофан – супстанција која помага да се намали стресот и овозможува мирен сон. Сепак, британците направиле истражување и откриле дека различни типови на сирење различно влијаат на сонот на поединци. Но, само во случај ако се изеде многу повеќе отколку што треба.

Related Posts with Thumbnails