wordpress counter

Вистина или лага (4 дел)

Продолжуваме со овој краток серијал во кој се обидуваме да расчистиме со некои митови во врска со храната, а кој се карактеристични за сите делови на светот. Денес ќе зборуваме за кечапот, кафениот шеќер и интолеранцијата на некои видови храна.

Кечапот е лош за нашето здравје
Всушност, со оглед дека кечапот е направен од обработени домати, содржи и поголема количина на ликопен, состојка која го намалува ризикот од кардио болести. Сепак, побарајте кечап кој има помалку шеќер во себе, за да ги искористите сите бенефиции од доматите.

Кафениот шеќер е поздрав од белиот шеќер
Делумно точно. Прашањето за овие два типа шеќер секогаш создавало несогласувања меѓу консументите. Една теорија вели дека кафениот шеќер, слично како и оризот и лебот, е поздрав од неговиот бел пандан, но тоа не мора секогаш да е точно. Кафениот шеќер содржи минерали само во траги, а и да не заборавиме дека и тој сепак е шеќер.

Интолернацијата на храна е еднакво со алергија на храна
Лага. Многу луѓе веруваат дека имаат алергија на некој тип храна, а всушност се нетолерантни. На пример, 45% од популацијата во Британија е нетолерантна кон определен тип храна, а само 1-2% се алергични. Покрај тоа, ефектите од алергијата се многу поопасни по здравјето на луѓето, па дури може да завршат и фатално. Кога е во прашање нетолеранцијата кон храна, најмногу страда дигестивниот систем, а тоа никогаш не може да заврши фатално.

Related Posts with Thumbnails