wordpress counter

Вистина или лага (5 дел)

Со петтиот дел го завршуваме овој мини серијал, кој се однесува на некои митови околу храната и пијалаците, на кои не треба слепо да им веруваме.

Флашираната вода е подобра од таа од чешма
Делумно точно и тоа во зависност во која земја живеете. Ако сте во Македонија немате никаков проблем. Водата од чешма е со висок квалитет. Ако се водиме според резултатите од една канадска студија, тогаш ќе заклучиме дека многу брендови на флаширана вода содржат во себе неприфатливо високо ниво на бактерии, па од таму водата од чешма излегува дека е поздрава.

Вегетаријанската исхрана нема доволно протеини
Ова е еден од најприсутните митови. Сепак, истражувањата покажуваат дека внесувањето на големо количество на протеини може да делува лошо по здравјето. Според доктор Метју Пајпер од „University College London“, токму овој начин на исхрана може да ни помогне да живееме подолго.

Кафето и чајот содржат исто количество на кофеин
Лага. Кафето содржи повеќе кофеин од чајот. Една шолја чај содржи 40 мг кофеин, додека иста таква шолја кафе содржи од 54-105 мг кофеин.

Related Posts with Thumbnails