wordpress counter

Вистинското ремек дело на Салвадор Дали

Салвадор Дали, шашливиот надреалист, познат по своите посебни мустаќи и цртањето часовници, е графичкиот дизајнер на едно од најдобрите логоа на светот – логото на лижавчињата „Чупа Чупс“.

Ова лижавче, со потекло од Каталонија, за првпат се појавило во 1958 година, кога сопственикот Енрик Бернат ја реализирал неговата идеја за ставање на бонбона на стапче. Првото име му било „GOL“, што значело дека лижавчето е топка, а устата е мрежата. Меѓутоа, продажбата не одела добро.

Поради тоа, Бернат ангажирал агенција која го променила името во „Чупа Чупс“ (од шпанскиот збор „chupar“, што значи: да шмука). Во 1969 година, Бернат се жалел како бил лош брендингот, за време на една кафе сесија со неговиот пријател Салвадор Дали.

Сликарот веднаш се фрлил на работа. Го земал весникот кој бил на масата и започнал да шарка по него. Логото било готово за еден час и одлично се вклопило со името и приказната.

Некој ќе се запраша што го натерало славниот уметник да направи лого. Некои што се поупатени велат дека станува збор за пари. Поетот надреалист Андре Бретон му дал прекар „Avida Dollars“ – анаграм од името на Дали, кое слободно може да се преведе како „гладен за кеш“.

Како и да е, логото опстојува до ден денес, со мали измени и редизајни. Како и сè друго што направил – и ова е ремек дело.

Related Posts with Thumbnails