wordpress counter

Време е за ананас!

Иако ананасот може да се консумира во било кој дел од годината, сепак, неговото присуство на нашите трпези е особено карактеристично за зимскиот период. Станува збор за плод кој има голема сочност и тропски вкус. Припаѓа на семејството бромелија, а растението може да нарасне до еден метар. Плодот има рапава кора и може да тежи и до три килограми. Негова природна средина се Карибите, Јужен Бразил и Парагвај.

Постојат многу видови, но Ananas comosus е најраспространет. Познати се и Хило кој е хавајска варијанта, Кона кој има бело месо, Кралица со златно-жолто месо, Пернамбуко кој е измислен за свежо консумирање, Црвен шпански ананас и Кајен.

Ако зборуваме за нашето здравје, тогаш ова е вистинскиот избор. Содржи бромелаин, ензим кој ги разградува протеините и има силно антивоспалително дејство. Исто така, овој ензим е и природен лек при настинки и бронхит, бидејќи го разградува секретот во дишните патишта. Богат е со витамин Ц и е моќен антиоксиданс.

Освен тоа, ананасот делува против стареење на кожата т.е ја храни, ја обновува, ја влажни и ги собира порите. Затоа, купувајте козметички препарати кои содржат ананас.

Лична карта
Во 100 гр плод од ананас има 48 калории, 0.54 гр протеини, 12.63 гр јаглехидрати, 1.40 гр диететски влакна. 0.12 гр масти и нема холестерол.

Интересни факти

• името му доаѓа од гварана јазикот, каде се нарекува нана или индискиот збор анана, што значи одлично овошје;
• во стариот свет, овој плод прв го донел Кристофер Колумбо;
• делот од плодот кој е поблиску до основата има повеќе шеќер и помека текстура;
• еден од молекулите на бромелинот му помага да ги открие и уништи канцерогените клетки, а друг молекул го блокира протеинот RAS, кој може да биде одговорен за настанување на ракот.

Related Posts with Thumbnails