wordpress counter

Време е за моркови!

Иако морковите може да се најдат преку целата година, во овој период тие се мошне слатки и сочни. Името морков има индо-европски корен и во превод би значело „нешто што има форма на рог“. Вообичаено има портокалова боја, но може да се најдат и виолетови, жолти, црвени и бели.

Морковот е двегодишно растение, кое може да достигне висина до 1 метар.  Кога цвета има бели цветови, а интересно е дека растението складира шеќер за да може да даде плод и следната година. Овој зеленчук најверојатно потекнува од Авганистан и кога се одгледувал за првпат имал виолетова кора и жолта внатрешност. Холанѓаните се тие кои успеале да равијат портокалов морков, онаков каков што го знаеме денес.

Кулинарската примена на морковот е шаренолика и буквално без правила. Може да се комбинира со голем број јадења и специјалитети. Може да се подготвуваат супи и чорби, да оди како додаток на јадења со месо и риба, од него се прават сокови, па дури и десерти како пудинг и торта од моркови.

Лична карта
Во 100 гр моркови има 41 калории (2% од ДПК), 9.6 гр јаглехидрати (3% од ДПК), од кои дури 2.8 гр диететски влакна (11% од ДПК), 0.2 гр масти, 0.9 гр (3% од ДПК) протеини и нема холестерол.

Интересни факти

• Кина произведува 275 милиони тони моркови годишно;
• три моркови ви даваат енергија за поминете пеш 4 километри;
• морковот е симбол на плодност;
• во 1960 е направена првата „carrot cake“
• дивите зајаци не јадат моркови
• морковот е дел од фамилијата на магаданоси.

Related Posts with Thumbnails