wordpress counter

Зачини како замена за сол и бибер (1 дел)

Кога ќе се појават првите проблеми со здравјето, обично лекарите не советуваат да јадаме помалку зачинета храна. Со оглед дека најчесто присутни зачини на нашата трпеза се сол и бибер, во оваа статија даваме неколку предлози како да ги замените во исхраната.

Најчесто, потребно е да ги замениме со поздрави зачини. Во таа група спаѓаат циметот и ѓумбирот. Ѓумбирот има луткаст вкус, многу е поздрав од биберот, а кога станува збор за употреба на циметот, не треба да се ограничуваме само на слатките јадења.

Циметот го снижува нивото на шеќер и маснотиите во крвта (поточно холестеролот и триглицеридите). Помага при лекување на дијабетес тип 2, а содржи и моќни антиоксиданси. Особено се препорачува кај лица кои имаат дијганостицирано метаболички синдром, односно состојба пред дијабетес, која може лесно да се контролира.

Покрај тоа, циметот е еден од најефтините и најдостапните зачини. Подобра варијанта се стапичиња отколку веќе сомелен цимет. За видливи ефекти, најдобро е да се консумира 1 грам цимет (3/4 мала лажица) дневно. Можете да го додадете во јогурт, овошна салата, ориз, сокови, мусли, какао, тост.

Циметот го загрева организмот и ја поттикнува циркулацијата, особено на рацете и табаните. Затоа е идеален зимски зачин.

Related Posts with Thumbnails