wordpress counter

Зачини како замена за сол и бибер (2 дел)

Во првиот дел од статијата се посветивме на циметот како замена и неговите својства и можности за употреба. Во вториот дел, повеќе ќе се осврнеме на ѓумбирот и неговата примена во исхраната.

Ѓумбирот содржи состојки кои делуваат противвоспалително и затоа често се користи во тропските краишта. Ги уништува микробите, а во зима имаме чувство дека нѐ грее. Помага во лекувањето на болести на срцето, дијабетес тип 2, артритис… Поради тоа, добро е ѓумбирот да се употребува и како храна и како лек.

Во исхраната, коренот се лупи и се ренда непосредно пред употреба. Се додава во салати, риби и морски плодови, закиселен зеленчук, сосови за тестенини, а одличен е и за сите видови месо. Може да се пие и како чај.

Се консумира и закиселен и зашеќерен и како таков може да се сервира и како меѓуоброк. Ако немате при рака свеж, можете да употребите и сув ѓумбир, односно во прав и што е најважно, се користи и во слатки и во солени јадења, што значи дека може да биде убава замена за претходно наведените зачини, кои ги немаат овие благотвoрни состојки за нашето здравје.

Related Posts with Thumbnails