wordpress counter

Житарки на иднината

Добро запаметете ги следниве четири житарки: квиноја, амарант, пир и камут. Тоа се продукти кои ќе бидат неизоставен дел од кујната на новото време. Квиноја и амарант водат потекло од латинска Америка и пред повеќе од илјада години биле дел од исхраната на Ацтеките и Инките. Денес, со огромен труд на група ентузијасти, повторно се одгледуваат.

Со помош на овие две житарки, ќе го осигурате внесот на сите есенцијални аминокиселини од растително потекло без глутен. Се подготвуваат едноставно и брзо, имаат сладок вкус и полни се со протеини. Квинојата одлично се комбинира со зеленчук, а амарантот згуснува, па затоа се користи како додаток кај супите, варивата, кашите и десертите.

Од друга страна, пир и камут се видови пченица кои се варат многу побргу од обичната пченица. Содржат помали количини глутен, а може да се комбинираат со салати, пролетен зеленчук или брашното од нив да се користи за подготовка на печива и палачинки.

Related Posts with Thumbnails